fbpx

Со неосновани барања за интерпелации ВМРО-ДПМНЕ нема да ги закочат реформите ниту напредокот, Македонија оди напред

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните им сервираше темнина и црнила, граѓаните осиромашуваа, економијата тонеше, компаниите ставаа клуч на врата, младите ја напуштаа Македонија, евро-интеграцискиот процес смислено беше закочен а Македонија стана изолирана држава.

Денес, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски нуди само деструкција, блокади и одбрана на криминалот на Никола Груевски и соработнциите.

Насилниците од 27-ми април Мицкоски ги прогласи за патриоти со што уште еднаш потврди дека е ист како неговиот ментор, Никола Груевски.

Преку несериозни и неосновани барања, интерпелации и измислици, Мицкоски нема да успее да ги закочи реформите, нема да ги блокира процесите за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ и нема да обезбеди заштита на криминалите на Груевски.

Македонија тргна напред, кон подобра иднина, кон членство во најмоќните сојузи ЕУ и НАТО и враќање назад нема.

Ќе продолжи растот на економијатa, платите ќе продолжат да се зголемуваат, намалувањето на невработеноста ќе достигне историско најниско ниво, рекордните износи на странски инвестиции во земјава, пораст на извозот, на производството ќе продолжат.

Граѓаните ја поразија криминалната и антонародна матрица на ВМРО-ДПМНЕ и одбраа да градат иднина во ЕУ и НАТО, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ одбраа да останат сами и изолирани во одбраната на криминалот.

Последни вести