fbpx

Само на ВМРО-ДПМНЕ партијата што го урниса системот на социјална заштита и пречи тоа што децата се згрижуваат во мали групни домови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Само на ВМРО ДПМНЕ, партијата којашто 11 години системски го уништуваше системот за детска и социјална заштита, може да и пречи тоа што дечиња се згижуваат во мали групни домови и во подобри услови.

Навикната во се да гледа начин на заработка и бизнис, преку договорени тендери, вртоглави провизии, ВМРО-ДПМНЕ не може да ги разбере политиките на владата предводена од СДСМ кои обезбедија достојни услови за децата во социјален ризик.

Затоа само на антинародоното раководство на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа што децата од социјалните установи се згрижуваат во мали групни домови што нудат подобри услови за раст и развој.

Според информациите од Министерстворто за труд и социјална политика до крајот на 2018 година во социјалните установи ќе бидат сместени за 60 отсто помалку деца околку во август 2017 година.
Во Специјалниот завод Демир Капија веќе нема ниту едно дете под 18 години, а децата сместени во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение „25 Мај“ се згрижени во пет мали групни домови во Скопје.

Со тоа, земјата се доближува до европските и меѓународни обврски во однос на правата на децата и полека се остварува една од клучните мерки на Министерството за труд и социјална политика, до 2020 година ниту едно дете да не биде сместено во социјална установа, туку сите да бидат згрижени во мали групни домови.

Правото на семејство е едно од најважните човекови права и секое дете заслужува семејство и услови за правилен раст и развој и затоа Владата предводена од СДСМ останува посветена на заштита на правата на децата и унапредување на системот за социјална заштита.

 

Скопје, 10.12.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести