fbpx

Ковачевски: ДПМНЕ ќе седнат и сами си пишуваат анкети за да им биде полесно

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Оптимист сум за изборите, знам дека во ДПМНЕ има анкета на која 80% од граѓаните не можат да препознаат што е политиката на оваа партија во однос на интересот на граѓаните, затоа мора сами да си пишуваат анкети, да им биде полесно, да им тргне денот, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.

-Јас знам дека во ВМРО-ДПМНЕ имаат анкета на која што 80% од граѓаните не можат да препознаат што е политиката на ВМРО-ДПМНЕ во однос на интересот на граѓаните.Ттие тоа не го кажуваат, затоа мора тие да тргаат тие анкети, па да прават нови таму да цртаат самите за да може да им тргне денот подобро кога ќе ги снема 10 дена кога ќе видат дека економските резултати се подобри, рече Ковачевски.

Фактите покажуваат дека СДСМ има неколкупати подобар економски резултат и тоа во сите области, потенцираше Ковачевски.

-Ако зборуваме со фактите, тогаш просечната плата е зголемена за 50%, минималната плата е зголемена за 100%. Ако во 2016та година биле потребни 4 и пол плати за една потрошувачка кошничка денеска се потребни две минимални плати за покривање на една потрошувачка кошничка, тоа се факти. Ако зборуваме кај пензиите факт е дека минималната пензија сега е 50% повисока од таа во 2016та и факт е дека просечната пензија е 50% повисока од таа во 2016та година. Ако зборуваме кај невработеноста, во 2016та година невработеноста била 24%, денес невработеноста е 13% идната година ќе биде 2% намалена ќе биде значи 11% во 2025 та година. Ние за прв пат после децении ќе имаме едноцифрена стапка на невработеност, и тоа се факти кој што не можат да се негираат со популизам и со лажни соопштенија во кој што се наведуваат, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски

Последни вести