Соопштение за јавност
Просечната плата во државата е 39 000 денари, историски највисока досега, потенцираше претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.
-Изборното ветување кое го дадовме беше 500 евра до 2024 година. Сега е веќе 650 евра во 2023 година. И ќе расне и просечната плата. Затоа велам дека членство во ЕУ е без алтернатива, рече Ковачевски.
Претседателот Ковачевски додаде дека и просечната и минималната плата, како и просечната и минималната пензија се зголемени во времето на СДСМ и тоа драстично во споредба со времето на ДПМНЕ во 2016 година.
-Минималната плата е зголемена за 100%, минималната пензија сега е 50% повисока од таа во 2016-та и факт е дека просечната пензија е 50% повисока од таа во 2016та година. Во 2016та година невработеноста била 24%, денес невработеноста е 13% идната година ќе биде 11%. Ние за прв пат после децении ќе имаме едноцифрена стапка на невработеност. Тоа се факти кои што не можат да се негираат со популизам, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски за Слободен печат.