Соопштение за јавност
Портпаролот на лицемерното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ повторно ја има погрешено адресата.
Вистинската адреса за најголемиот скандал со нелегално прислушување е пред скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ. Токму таа зграда е сибмол на масовна и груба злоупотреба на институциите, симбол на масовно кршење на човековите права.
Токму на „осмиот спрат“ од дворецот, според јавни признанија во судска постапка бил центарот кој координирал со бруталниот упад во Собранието кога беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието.
Очигледно дека таа криминална, монструозна матрица на режимот и денес е присутна во раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се против помирување и организираат протест за одбрана на криминалот кадешто отворено се закануваат по судии и јавни обвинители, вршат притисоци врз судството.
Лимцерното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да не се грижи, отворената истрага од надлежните институции ќе покаже кој и со каква цел ја набавил и користел опремата со која се следеле комуникациите во Јавното обвинителство, којашто според информациите биле инсталирана уште во 2013 година, кога ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутна власт.
Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Сите лица вмешани во овој случај ќе бидат пронајдени и ќе одговараат за своите дела.