fbpx

Растот на БДП од 3 отсто во третиот квартал од 2018 е потврда за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Последниот официјален податок на Државниот завод за статистика, што покажува раст на Бруто домашниот производ од 3 отсто во третото тримесечје од 2018 година ја потврдува успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ.

За разлика од овој раст во последниот квартал за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата бележеше пад од -1,3 отсто. За нешто повеќе од една година, Владата предводена од СДСМ успеа да ја стабилизира економијата и да ја придвижи во вистински правец.

Растот на економијата покажува дека економските политики даваат резултат.

Ваквиот позитивен тренд на раст на економијата дополнително ќе се интензивира по влезот во НАТО и по започнување на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реформите што обезбедуваат економски раст, поголеми плати и пензии, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Скопје, 06.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести