Соопштение за јавност
Антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја задолжуваше државата и ги осиромашуваше граѓаните е фатено во нова лага.
Не е точно односно целосно лажно е денешното тврдење на ВМРО ДПМНЕ дека на вчерашната аукција има ново задолжување. Напротив, не само што нема ново задолжување туку нето-задолжувањето по основ на државни хартии од вредност се намалува за 10,6милиони денари или околу 173.000 евра.
Како што јавно соопшти Министерството за финансии, на вчерашната аукција на државни хартии од вредност запишани се 21,13 милиони евра, а 21,30 милиони евра ќе се вратат по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност.
Со тоа, нето задолжувањето по основ на државни хартии од вредност се намалува за 10,6милиони денари.
Преку сериозен пристап и одговорно управување со финансиите, Владата предводена од СДСМ и Министерството за финансии, го ставија јавниот долг под контрола, воедно ја намалија фреквенцијата на задолжувања, а каматните стапки за задолжувања се далеку пониски од каматните стапки од задолжувањата за време на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 05.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА