fbpx

Навикнато на масовна партизација, анитнародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што денес важат еднакви услови за сите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лицемерното ВМРО ДПМНЕ продолжува со своето секојдневно креирање непсотоечки случаи, при тоа, потценувајќи ја меморијата и интелигенцијата на јавноста.

11 години цветаше масовната партизација на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, додека квалитетните кадри заминуваа надвор од државата неможејќи да најдат место во сопоствената држава и во и општествениот систем кој не им нудеше никаква опција и беше граден врз основа на партиски цели и корист.

Мрежите црните тефтери и списоци и масовното вработување партиски членови и приврзаници е симбол на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Денес, владата предводена од СДСМ, преку започнатиот процес на реформи и професионализација на администрацијата, гради институции кои што работат професионално, независно и единствено во интерес на граѓаните.

Сите процеси на вработувања се одвиваат транспарентно, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.

На антинародната ВМРО ДПМНЕ не и јасно како може еден општествен систем да функционира транспарентно и со еднакви можности за сите граѓани, и затоа секојдневно шири лажни вести и измислува непостоечки случаи.

Последни вести