Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ со својата лажна загриженост и антидржавна политика ја потценува јавноста и граѓаните на Македонија.
Крајно несериозно и лицемерно е партијата која е одговорна за најголемиот скандал со прислушување и со кој беа прекршени човековите права да зборува за прислушување и тоа со информации кои и овој скандал го поврзуваат токму со нивното криминогено раководство.
Податоците соопштени од МВР, говорат дека опремата за прислушување била поставена уште во 2013 година, време кога криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутна власт и целосна контрола врз институциите.
Наместо да се кријат зад празни прес конференции, наместо да прераскажуваат лоши „вицови“ на криминалецот Никола Груевски, Христијан Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да кажат која била нивната улога и што се знаеле за масовното нелегално следење на комуникациите на граѓаните, вклучително и на прислушувањето на Јавното обвинителство.
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека ќе има одговорност за сите кои се инволвирани во овој случај.
Повиците на протест за одбрана на криминалот нема да ги спасат од одговорност оние кои ги прекршиле законите. Ќе има правда и одговорност, црното време на неказнивост и масовна злоупотреба на институциите заврши со заминување на ВМРО-ДМНЕ во опозиција.
Скопје, 04.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА