fbpx

ОЈО да отвори предмет за злоупотребата на парите од општините под капата на ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Надлежното Јавно обвинителство да постапи и да ги истражи сомнителните јавни набавки со астрономски цени во општините под капа на ДПМНЕ.

Новата афера на градоначалниците на ДПМНЕ кои купувале неколкупати поскапи машини од реалната цена мора да се расчисти.

Според јавно достапни документи општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација.

Иста машина набавила општина Велес по цена од 40.000 евра.

Овие цени се 3 до 5 пати повисоки од реалните.

Општина Илинден и многу други општини набавиле таква машина по три пати пониска цена од астрономските, кои се платени во општините Велес и Битола.

Прашањето е во чии џебови завршила разликата?

Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните мора да има.

Последни вести