fbpx

ДПМНЕ е виновникот за хаосот во ЈСП

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Локалната власт на ДПМНЕ во Град Скопје за две години го уништи јавниот градски превоз.

ДПМНЕ е виновникот за хаосот во ЈСП.

Членовите на Управниот одбор на ЈСП се од ДПМНЕ а нивното претпријатие се дави во долгови, не може да подели плата, не може да функционира.

Советниците од ДПМНЕ, кои го имаат мнозинство во Советот и се локална власт, се противea на одлуката за субвенционирање на ЈСП и намерно, заради лични хирови на Мицкоски дополнително го заглавија претпријатието.

Граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз секој ден, повторно мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар…

Сето тоа е резултат на неспособноста на ДПМНЕ.

Проектот за брз, еколошки и современ транспорт, познат како БРТ го закочи токму ДПМНЕ.

После Скопје 2014 ДПМНЕ му приреди уште една катастрофа на главниот град.

Глас за ДПМНЕ ова значи, хаос, уназадување, блокирање на важни проекти и стагнација.

Последни вести