Соопштение за јавност
ДПМНЕ го уништи ЈСП Скопје. Само заради лични хирови на Мицкоски го блокираше проектот за новиот еколошки јавен транспорт БРТ.
Да не го кочеше проектот за БРТ, немаше денес граѓаните на Скопје да се соочуваат со проблеми како да стигнат на работа, како учениците на почетокот на второто полугодие да стасаат на настава.
Наместо да имаат модерен превоз со БРТ, проект поддржан од ЕБОР, за кој има обезбедено средства од 70 милиони евра, скопјани страдаат од неспособноста и инаетот на ДПМНЕ.
Хаосот што се случува во ЈСП и во Скопје е пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ ќе добие власт.