fbpx

Се гради фер и праведно општество, повеќе пари кај граѓаните, не е точно дека прогресивниот данок ќе ги зголеми трошоците за живот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Времето на богатење на богатите и осиромашување на мнозинството граѓани заврши со заминувањето на криминалното, распиничко и антинародното ВМРО ДПМНЕ од власт.

11 години, граѓаните беа заложници на нефер даночен систем што ја зголемуваше нееднаквоста и го продлабочуваше економскиот јаз.

Владата предводена од СДСМ гради фер и праведен даночен систем што обезбедува поголема социјална праведност и еднаквост. Преку економските политики и реформите што ги спроведува Владата предводена од СДСМ се обезбедуваат повеќе пари за граѓаните, растат платите во сите сектори, се обезбедува повисок животен стандард за сите подеднакво.

Не е точно тврдењето на антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека прогресивниот данок ќе влијае на пораст на трошоците за живот и домување. Оданочувањето на кириите нема да ги погоди граѓаните, ниоту они кои издаваат, ниту оние кои изнајмуваат објекти под кирија.

Станува збор за правично решение кое се однесува на приход што не е редовен, туку дополнителен и е во насока на градење на фер и праведен даночен систем.

Владата предводена од СДСМ продолжува со мерките и реформите што обезбедуваат економски раст, нови работни места, повеќе пари кај граѓаните, повисок животен стандард и градење фер и праведно општество за сите.

Скопје, 29.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести