fbpx

Црните години за Македонија завршија со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, денес економијата се движи во добар правец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Црните години за економијата беа годините на криминалното, расипничко и неодговорно владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа на криминални тендери, барок и споменици додека граѓаните и државата осиромашуваа.

Црните години за Македонија завршија, кога завршија погубните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ со нивното заминување во опозиција.

Пионот Христијан Мицкоски треба да одговори дали тој го советувал неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски да ги спроведува погубните економски политики што доведоа до економска катастрофа?

По 11 катастрофални години за македонската економија, пионот Мицкоски и антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ можат да учат како се води државата, како се стабилизира економијата, како се преземаат активности и мерки што се во интерес на граѓаните и враќааат повеќе пари назад кај граѓаните.

Растот на БДП од 3,1 отсто во вториот квартал, рекордниот износ на странски инвестиции во првото полугодие од 2018, растот на платите и пензиите, се само дел од економските показатели кои покажуваат дека економијата се движи во добар правец.

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не нудат ништо што е во интерес на граѓаните. Одбраната на криминалот на Никола Груевски останува нивен единствен приоритет.

Скопје, 27.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести