fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на корупција и затоа измислува лаги, на општините им се помага да ги вратат долговите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на корупција, провизии, договорени тендери и криминални интереси и затоа измислува наводни скандали и конструира лаги за мерката што има за цел да им помогне на општините да се справат со наследените долгови.

Најголемиот дел од долговите на општините се резултат токму од криминалното и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите на граѓаните наместо на реални проекти, безмилосно се трошеа за споменици, луксузи, скапи возила, непродуктивни трошоци и криминални тендери.

Предвидената мерка, не само што ќе им помогне на општините да ги намалат долговите, туку истовремено ќе создаде механизам преку кои во иднина ќе се спречи радикално задолжување и нереално планирање на буџетите на општините.

Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против општините да се раздолжат и да се заштитат од идни презадолжувања?

Времето на тајно, расипничко и недомаќинско трошење на праите на граѓаните заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција,

Денес, општините и централната власт предводена од СДСМ работат отчетно, одговорно и во интерес на граѓаните, се санираат штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се стабилизираат долговите, а буџетите на општините се креираат согласно потребите на граѓаните.

Скопје, 25.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести