fbpx

ДПМНЕ нема план, со СДСМ има европска иднина, поголеми плати и пензии

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дека ДПМНЕ нема план, ни јасен став за ниту едно прашање, граѓаните многу добро го знаат.

ДПМНЕ е против членството во ЕУ, го блокира европскиот пат, но Мицкоски, нема став, не кажува која е алтернативата, кој е планот без членство во ЕУ.

Остро се противеше ДПМНЕ на Францускиот предлог, а кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание, пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

ДПМНЕ ширеше лаги за асимилација и бугаризација, кога дојде ред да се гласа во македонското Собрание Договорот од Фронтекс пратениците на ДПМНЕ не гласаа, немаа став.

Со СДСМ државата има европска иднина.

Евроинтеграцијата значи и поголеми плати, повеќе и подобро платени работни места, значи силна економија и европски стандарди за живот.

Се наоѓаме во исклучително важен момент во македонската историја, пред единствена шанса која не смееме да ја пропуштиме, затоа што пропуштањето ќе значи, застој и уназадување на сето она што е постигнато досега, значи целосна изолација, со последици далеку посериозни од претходната декада режим.

Последни вести