fbpx

ВМРО-ДПМНЕ уништи се што е здраво и зелено, во занесот по криминалот заборавиле дека сите дишеме ист воздух

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 години ВМРО-ДПМНЕ преку своето криминално и расипничко владеење парите на граѓаните ги трошеше на барок, споменици, палми, бели палати, мерцедеси, стиропор фасади и криминални тендери.

Во тој занес по криминалот ВМРО-ДПМНЕ уништуваше се што е здраво и зелено и воопшто не му беше битно колку загаден воздух дишеа граѓаните.

За разлика од таквиот антинароден пристап, Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции системски пристапува кон решавање на долгогодишниот проблем со загадувањето.

Планот за чист воздух за кој се издвоени дополнителни 1.5 милиони евра преку низа на мерки на краток, среден и долг рок има за цел системски да го решава аерозагадувањето.

За таа цел веќе се преземаат и ќе бидат преземени мерки кон сите извори на загадувањето, домаќинствата, индустријата сообраќајот, со интенција во наредниот период загадувањето на воздухот да се намали двојно.

СДСМ се справува со последиците од катастрофата наречена ВМРО-ДПМНЕ, создава програми за чист воздух во кои се вклучени сите институции, се дејствува против сите извори на загадувањето но, главниот причинител што Македонија е дојдена до оваа состојба е само ВМРО-ДПМНЕ и никој друг.

 

Скопје, 22.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести