fbpx

Наместо решение ДПМНЕ создава хаос со личните документи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со месеци ДПМНЕ на партиски прес конференции од белиот дворец тврдеа дека имаат решение и дека ќе го решеле проблемот со личните документи, пасошите и возачките дозволи.

Сега, откако влегоа во техничката Влада и имаат министер за внатрешни работи, ДПМНЕ наместо решение создава хаос со личните документи и шири паника меѓу граѓаните.

Не треба да се казнуваат граѓаните кои ги немаат заменето возачките дозволи. Тие се за домашна употреба и законот дава можност за опомена.

Дополнително, наместо да го зголеми капацитетот за сликање и вадење пасоши, министерот од ДПМНЕ го укина вадењето пасош без закажување.

Тоа негативно влијае затоа што го намалува бројот на граѓани кои можат да се сликаат, а од друга страна драстично го пролонгира процесот.

Тоа значи дека граѓаните со месеци нема да можат да добијат нов пасош, а го доведува во прашање и законскиот рок за издавање пасош.

ДПМНЕ и тимот на министерот во МВР направија хаос и во одобрувањето на пасошите, наместо 15 дена сега граѓаните чекаат и повеќе од 20 дена а пасошот не им е готов.

ДПМНЕ едно зборува во опозиција, сосема друго прави кога е власт.

Последни вести