Соопштение за јавност
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да престане да ги брани криминалите на осудениот Никола Груевски и неговите соработници.
Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата што го создаде системот на нарачки во судовите и неказнивост, првата партија во Европа чиј почесен претседател е правосилно осуден и е во бегство од правдата денес, да зборува за владеење на правото.
Врвот на ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека заврши времето кога од партија наредуваа кој да влезе и кој да излезе од притвор, заврши времето кога во партија се нарачуваа и монтираа слуачи, кога се пишуваа пресуди, а партизираното судството ги спроведуваше нарачките. Тоа време заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Денес, судството е независно. Реформата во безбедносните служби, обезбедува професионални и независни институции што работат во служба на законите и во интерес на граѓаните.
Времето на злоупотреба на безбедносните служби и судовите за пресметка со политичките неистомисленици заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека нема да може да го одбрани криминалот на нивниот ментор Груевски, ниту на неговите соработници.
Правда ќе има. Секој за кој низ судска постапка се докажало дека ги прекршил законите и за тоа има правосилна пресуда, ќе одговара, колку и да е тоа неприфатливо за антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.