fbpx

Обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, раст на платите, социјална праведност, намалена невработеност и растечка економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, економски раст, повисоки плати и подобра живејачка за сите граѓани.

Платите ќе растат во сите сектори.

Во образованието, здравството, судството, полицијата, детските градинки и јавната администрација, предвидено е зголемување на платите од пет отсто, додека докторите специјалисти ќе добиваат плати зголемени за 10 отсто.

Во 2019 година се очекува забрзување на растот на Бруто домашниот производ на 3.2 отсто, кадешто позитивен придонес врз растот е предвидено да имаат домашната побарувачка, извозот и капиталните инвестиции.

Невработеноста ќе опаѓа преку пакетот активни мерки за вработување – вреден 1.1 милијарда денари, што е историски највисок износ, со што се очекува стапката на невработеност да се намали на околу 20 отсто.

Со посветена и домаќинска работа, владата предводена од СДСМ продолжува да обезбедува повеќе пари и подобар живот за граѓаните.

Остануваме посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат повисоки плати, економски раст, мотивирани работници, професионални институции, нови инвестиции и работни места и повисок животен стандард.

Скопје, 17.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести