Соопштение за јавност
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓните.
Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ не презеде ништо за решвање или барем за ублажување на проблемот со загадениот воздух. Криминалната власт на Никола Груевски мислеше само како да се збогати.
ВМРО-ДПМНЕ имаше 11 години да ги спроведе мерките кои денеска ги предлага, но наместо да го решава загадениот воздух, реши преку криминални тендери, за барок и споменици да ги краде парите на граѓаните.
Заради остварување на криминални интереси на осудениот криминалец Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше зеленилото, ја загрозуваше животната средина, а Скопје стана еден од најзагадените градови во Европа.
За разлика од таквиот игнорантски и неодговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ, по промените, Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините, Градот Скопје и останатите надлежни институции, преку краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки започнаа да го решаваат проблемот со загадувањето на воздухот.
Со усвоениот План за чист воздух ќе се делува системки на краток, среден и долг рок, со цел веќе од следната година загадувањето да биде намалено двојно.
Серија на стратешки мерки, за кои покрај редовните средства одвоени се и дополнителни, нови 1.5 милиони евра.
Со овој план 10 илјади домаќинства ќе бидат приклучени на парно греење, 20 илјади домаќинства ќе ги променат старите нееколошки печки на дрва, 15 илјади семејства имаат шанса да ја подобрат енергетската ефикасност на домовите, 3.000 семејства ќе добијат приклучак за гас.
Има уште многу мерки меѓу кои се и оние за еколошки стандарди во сообраќајот, засилениот инспекциски надзор, како и најавената набавка на 40 еколошки автобуси во Скопје.
Сите се свесни дека има уште многу предизвици, уште многу работи треба да се направат, но по цела деценија непреземање ништо, надлежните работат на системско решение и долгорочни
Скопје, 17.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА