fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство, Мицкоски да одговори за средбата со Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ е првата партија во Европа со почесен претседател – криминалец во бегство.

Наместо да се крие зад социјалните мрежи и зад конфузните реакции, Мицкоски мора да одговори пред граѓаните:

Која била целта на посетите на Мицкоски на Белград и Будимпешта, пред бегството на Груевски?

Со кого се среќавал и што правел?

Дали токму тие посети имаат врска со планот за бегство на криминалецот Груевски?

Дали разговорите со Груевски за „личните моменти“ „неговата иднина“ и „заедничката тема“,како што вели Мицкоски во едно интервју всушност се всушност разговори за бегството на Груевски?

Одбраната на криминалот на Никола Груевски како и избегнувањето на одговорите на овие прашања, ги засилуваат сомнежите. Дали антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Мицкоски се пворзани со бегство на Груевски?

Преку отворените истраги за бегството на криминалецот Груевски, сите соучесници мора да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.

 

Скопје, 16.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести