fbpx

Правда мора да има, заврши времето кога од партија се наредуваше кој да излезе или влезе во притвор, како што правеше ВМРО -ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денешното барање на судот да донесе одлука по налог на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека во оваа партија ништо не се променило, тоа е истата матрица на криминалецот Никола Груевски.
Времето кога од партија се наредуваше кој да се притвора, а кој да излезе од притвор заврши со заминвање на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

Времето кога илјадници граѓани нелегално се прислушуваа и кога судиите од тефтерчето судеа по нарачка на Никола Груевски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, заврши со нивното заминување во опозиција.

Лицемерно е денеска антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски да зборуваат за срам после ревносата одбрана на криминалот на Никола Груевски, како нивен единствен и главен начин на делување.

Лицемерно е денеска ВМРО-ДПМНЕ, патијата што го создаде системот на нарачки во судовите и неказнивост, првата партија во Европа чиј почесен претседател е правосилно осуден и е во бегство од правдата денес, да зборува за владеење на правото.

Рефромата во безбедносните служби, денес обезбедува професионални и независни институции што работат во служба на законите и во интерес на граѓаните.

Времето на злоупотреба на безбедносните служби за пресметка со политичките неистомисленици заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.

Антинартодното раководство на ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека нема да може да го одбрани криминалот на нивниот ментор Груевски, ниту на неговите соработници.

Правда ќе има, ќе има одговорност за секој за кој ќе се докаже дека постапувал незаконски. Отворената истрага ќе ги лоцира одговорните кои на каков било начин му помогнале на криминалецот Груевски во неговото бегство и сите мора да бидат изнесени пред лицето на правдата.

 

 

Скопје, 17.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести