fbpx

За сите вработувања важат еднакви услови и критериуми, за непотизам портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ да се обрати кај неговиот шеф Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Доколку портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да знае што е непотизам, нека го праша пионот Христијан Мицкоски како од сите професори на Машинскиот факултет, тој станал асистент кај својот татко? Како, во време кога бил советник во Владата на осудениот криминалец Никола Груевски, токму Мицкоски добил согласност за изградба на хидроцентрали?

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ целосно се загуби во измислиците и ширењето лажни вести што своите прес конференции почна да ги темели само на шпекулации, последните, според сопствено признание од социјалните мрежи.
Колку и да е несфатливо за ова антидемократско и антизападно ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, ниту генералниот секретар не се тие коишто вработуваат лица во државните институции и претпријатија.
Процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни и за сите важат еднакви услови и критуериуми.

Започнатиот процес на професионализација гарантира независни и професионални институции што се во служба на граѓаните. Времето на партизирана и злоупотребена државна администрација заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.

 

Скопје, 16.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести