Соопштение за јавност
Секојдневните лаги изнесени од антизападното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја покажуваат спрегата помеѓу актуелното антизападно раководство на опозициската партија со одредени веб портали што секојдневно пласираат лажни вести.
Очигледно, таква е спрегата и меѓу антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и порталот Лидер.
Хиперпродукција на лажни вести од страна на антизападното раководство ја профилира ВМРО ДПМНЕ како лидер во лажење и пласирање лажни вести.
Иако лажната вест веднаш аргументирано беше демантирана и од самата компанија СЕКЕ, антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски, четврти ден лаже и конструира непостоечки случај.
Нема никаква поврзаност со споменатиот бизнисмен, ниту компанијата, ниту Владата.
Наместо да измислуваат непостоечки случаи, наместо да се обидуваат да ја манипулираат јавноста, врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто имаат против нови и зголемени странски инвестиции во Македонија?
Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека со измислици не може да се покрие фактот дека антизападниот пион Мицкоски преку шемите со неговиот ментор Груевски добил 33 илјади метри квадратни државно земјиште за хидроцентрали.
Со лажни вести и измислени случаи не може да се покрие вистината дека антинародниот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Никола Груевски.
Заглавена во матрицата на Никола Груевски, на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очигледно им пречат странските инвестиции во земјава.
Скопје, 06.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА