fbpx

На антинародното ВМРО-ДПМНЕ му пречи градењето на фер општество за сите,зголемена социјална помош за 300 отсто и стабилен пензиски фонд

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е против градењето на фер општество за сите, дека е против мерките за подобрување на економската состојба на граѓаните, дека е против искоренување на сиромаштијата и стабилни пензии.

Оние што со своето криминално владеење придонесоа најмногу за пораст на сиромаштијата денеска се против нејзиното искоренување.

На антинародното ВМРО – ДПМНЕ му пречи праведното и фер оданочување кадешто оние што имаат најмногу ќе плаќаат повеќе од оние што имаат најмалку. Конечно, со реформата што сега се спроведува би се исправила неправдата најбогатите да се богатат уште полесно, а посиромашните да паднат во уште поголема сиромаштија. Истовремено во Буџетот би се слеале средства од 25 милиони евра, пари со кои ќе се финансираат мерки токму за намалување на сиромаштијата, за помагање на најранливите граѓани.

На антинародното ВМРО-ДПМНЕ му пречи и зголемена социјална помош. Со мерките кои ги превзема владата предводена од СДСМ , планирано е зголемување на социјалната помош за 300 отсто и образовен и детски додаток за околу 60.000 деца.

Оние што со своето криминално владеење придонесоа најмногу за зголемување на финансиската дупка во Фондот им пречи стабилизација на пензискиот фонд и обезбедување сигурни пензии за иднините и сегашните пензионери.

На антизападното ВМРО -ДПМНЕ му пречи и стабилизација на ПИОМ со мерките кои се става под контрола буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголемил за 150% за време на ВМРО-ДПМНЕ, како и воведување на социјална пензија и редовно годишно усогласување на пензиите.

На антизападното ВМРО ДПМНЕ му пречат сите мерки и реформи кои придонесуваат за градење на фер и праведно општество со намалување на економскиот јаз меѓу граѓаните и изградба на систем на социјална заштита со трајно излегување од сиромаштијата.

Македонија се гради како фер и еднакво општество на еднакви граѓани, без разлика дали тоа му пречи на антинародното раководство на ВМРО–ДПМНЕ.

 

Скопје, 05.11.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести