fbpx

Со даночната реформа се создава фер општество, се намалува јазот меѓу граѓаните создаден од криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Лицемерно и потценувачки кон граѓаните е антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ да зборува за сиромаштија во државава, кога токму преку криминалните политики на Никола Груевски и лошите економски мерки меѓу кои и рамниот данок создаде неправедно општество и го продлабочи јазот меѓу граѓаните.

Дополнително, криминалните политики на Никола Груевски оставајќи го мнозинството граѓани на работ на сиромаштијата, да се мачи да ги задоволи своите основни потреби за живот.

Наспроти тоа, воведувањето на фер и праведно оданочување оди во прилог на сите граѓани и целата економија. Опфатени се само 1 отсто од граѓаните со највисок доход, а истовремено во Буџетот на тој начин би се слеале дополнителни 25 милиони евра, средства со кои би се финансирале мерките за намалување на сиромаштијата.

Значи нема да се зголеми туку ќе се намали сиромаштијата што најмногу ја создаде ВМРО-ДПМНЕ.

Колку и да е против антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, со средствата од прогресивниот данок , ќе се финансира мерката минимален загарантиран приход со која на примателите на социјална помош им се зголемува социјалната помош за 300%. Дополнително, се воведува и образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.

Под контрола ќе се стави и буџетскиот дефицит во ПИОМ кој за 10 години се зголемил за 150% токму заради неодговорните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, продолжува законското усогласување на пензиите два пати во годината, а се воведува и социјална пензија.

Воведувањето на даночната реформа и пензиско -социјалната реформа се дел од заложбите за градење на фер и праведно општество со намален економски јаз меѓу граѓаните и изградба на систем на социјална заштита што трајно ќе извлекува од сиромаштија.

Колку и да е неприфатливо за антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија се гради како фер и еднакво општество на еднакви граѓани.

 

Скопје, 06.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести