fbpx

Членот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, Николовски, јавно да одговори за средбите со Синиша Алексовски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Александар Николовски, член на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните треба да им објасни за причините за неговата средба со Синиша Алексовски, советник за безбедност во Кабинетот на Ѓорге Иванов.

Алексовски во одредени медиуми се споменува секогаш кога станува збор за странско влијание во земјава, коешто се противи на НАТО и ЕУ интеграциите на Македонија.

Дали Николовски кој пред неколку дена рече дека не е можен подобар Договор со Грција е принудуван јавно да се откаже од овој негов став?

Јавноста ги очекува одговорите од Николовски и поради информациите за вмешаност на Алексовски и со настаните во Собранието од 27 април.

 

Скопје, 05.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

Последни вести