fbpx

Aнтизападниот Мицкоски да не бега туку да каже како добивал тендери од Владата на Груевски, дали има удел и во „Енергомонт“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападниот пион Христијан Мицкоски повторно побегна од јавноста, од граѓаните, и трет ден продолжува да се крие зад конфузни реакции на неговата партија.

Антинародното и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ вчера призна дека пионот на Никола Груевски, Мицкоски, има удел во компанијата „Енерготек“, а денеска призна дека Мицкоски експресно добил тендер од Владата на Груевски.

Заглавен во целосна изолација, антинародниот Мицкоски по секоја цена се обудува да избега од одговорите што им ги должи на граѓаните.

Знаел ли антизападниот и антинародниот Мицкоски однапред дека Владата на Груевски ќе објави повик, па затоа формирал фирма?

Дали антизападниот Мицкоски веќе онапред ги договорил концесиите што ги добил конзорциумот МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО Скопје, па овој конзорциум бил наменски создаден?

Дополнително, антизападниот пион на Груевски, Мицкоски треба да одговори и дали има удел од 7 отсто и во компанијата „Енергомонт“ како што тврди антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ?

Уште во колку компании има удел антизападниот и антинародиониот Мицкоски?

Од ден на ден, шемите и поврзаноста со криминалите на Никола Груевски излегуваат на виделина.

Јавноста ќе ја дозне целата вистина за поврзаноста и за шемите правени и во времето додека антизападниот поин Мицкоски му бил советник на неговиот ментор Груевски.

Скопје, 27.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести