fbpx

Криминалите на Груевски оставија осиромашени и задолжени граѓани, мерките на Владата предводена од СДСМ ја придвижуваат економија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното раководство предводено од пионот Христијан Мицкоски кој добивал тендери од Владата на Груевски во која токму тој бил советник продолжува со лицемерно однесување кон граѓаните.

Додека Хидро Мицкоски од Владата на Груевски добивал речиси 33 илјади квадратни метри државно земјиште, додека парите од Буџетот се трошеа на споменици, лажен барок и криминални тендери, граѓаните и државата тонеа во долгови и сиромаштија.

Потврда за тоа е официјалниот податок од Државниот завод за статистика којшто покажува дека процентот на сиромаштија за 2017 година изнесува 22.2 отсто, при што како основ за пресметка земени се приходите за 2016 година, кога на власт се уште беше ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од таквиот однос кон граѓаните од страна на носителот на криминалот Груевски, Владата предводена од СДСМ ја стабилизира економијата и гради систем што трајно извлекува од сиромаштија.

Рекордниот износ на странски инвестиции во првото полугодие, растот на БДП од 3,1 во третиот квартал од 2018 година, растот на платите и зголемениот извоз и индустриско производство, се само дел од економските параметри кои покажуваат дека економијата се движи напред.

Додека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заглавено во криминалните шеми на Груевски по секоја цена се обидува да ја закочи иднината, Владата предводена од СДСМ посветено работи на спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.

Скопје, 28.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести