fbpx

Осиромашувањето на граѓаните е резултат на криминалното владеење на Никола Груевски сега се гради систем што извлекува од сиромаштија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ денеска призна дека 11 годишното криминално и распиничко владеење на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, оставило над 20 отсто сиромашни граѓани.

Официјалниот податок од Државниот завод за статистика на којшто денеска се повикува антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека процентот на сиромаштија за 2017 година изнесува 22.2 отсто, при што како основ за пресметка земени се приходите за 2016 година, кога на власт се уште беше ВМРО-ДПМНЕ.

Процентот за кој денеска антинародното раководството на ВМРО-ДПМНЕ глуми загриженост е резултат токму од нивното 11 годишно неодговорно, криминално и расипничко владеење.

Додека парите на граѓаните ги трошеше на луксуз, лажен барок, споменици и криминални тендери, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше системот за социјална заштита, а ги понижуваше, малтретираше и уценуваше најранливите категории граѓани.

За разлика од таквиот однос на носителот на криминалот, Никола Груевски, Владата предводена од СДСМ започна системска реформа којашто трајно ќе извлекува од сиромаштија.

Со реформата којашто ќе започне на почетокот на идната година социјалната помош се зголемува за 300 отсто , односно 70 отсто од корисниците ќе добиваат повисока социјална помош.

Се воведува гарантираната минимална помош и е олеснува пристапот до социјалниот надоместок на дополнителни 11 илјади домаќинства, но и на постојаните 24 илјади домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош.

Се решава и деценискиот проблем со стечајните работници. Со последните законски измени, над 8 илјади стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до нивно пензионирање.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со зацртаните реформи и мерки за подобрување на системот за социјална заштита што беше уништен од криминалите на Никола Груевски, менторот на Христијан Мицкоски.

Скопје, 27.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести