fbpx

Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ донесе стапка на сиромаштија од 22.2 отсто, Владата гради систем на извлекување од сиромаштија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Официјалните податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека процентот на сиромаштија за 2017 година изнесува 22,2 отсто, каде што како основа се земени приходите од 2016 година, кога ВМРО-ДПМНЕ се уште владееше.

Овој процент е резултат од неодговорното, криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто заради остварување на криминални интереси ги втурна државата и граѓаните во долгови и сиромаштија.

Додека парите на граѓаните ги трошеше на луксуз, лажен барок, споменици и криминални тендери, ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше системот за социјална заштита, а ги понижуваше, малтретираше и уценуваше најранливите категории граѓани.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ започна системска реформа којашто трајно ќе извлекува од сиромаштија.

Со реформата којашто ќе започне на почетокот на идната година социјалната помош се зголемува за 300 отсто , односно 70 отсто од корисниците ќе добиваат повисока социјална помош.

Се воведува гарантираната минимална помош, но истовремено се врши и преквалификација на лицата кои се невработени и на тој начин директно им се помага да се вработат и се отвора можност да се извлечат над линијата на сиромаштија.

Се олеснува пристапот до социјалниот надоместок на дополнителни 11 илјади домаќинства, но и на постојаните 24 илјади домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош.

Како што вети, Владата предводена од СДСМ го решава проблемот со стечајните работници.

Со последните законски измени, над 8 илјади стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок во висина од 7.596 денари до нивно пензионирање.

Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со зацртаните реформи и мерки за подобрување на системот за социјална заштита што беше уништен од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје, 26.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести