fbpx

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е заглавено во лажните вести, нема кратење на средства за земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антинародното и антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што со години ги уценуваше и малтретираше земјоделците и го погазуваше нивниот труд, денес преку ширење лажни вести, продолжува да работи против интересите на земјоделците.

Категорично тврдиме дека не е точно дека се кратат буџетски средства како што денеска тврди врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Напротив во делот на водостопанството, со ребалансот на Буџетот се обезбедуваат дополнителни средства во МЗШВ за капиталниот Проект за наводнување на јужната долина на Вардар фаза 2 во износ од над 23 милиони денари. Со ова обезбедување на средства се исполнуваат сите услови за старт на градежните активности за овој капитален проект кој ќе го реши проблемот со наводнувањето за регионот на општина Валандово во вкупен износ од над 2000 хетари.

Капиталните инвестиции во системите за наводнување се врвен приоритет на оваа Влада, па во моментот како никогаш до сега во тек се градежни работи на повеќе локации како оние на Браната Конско, системот Равен Речица и други.

Дополнително, обезбедени се нови 20 милиони евра за капитални проекти од областа на водоснабдувањето кои ќе отпочнат со реализација веќе од следната година.

Истовремено, обезбедени се дополнителни средства за шумската полиција од пет милиони денари, нови два милиони денари се издвојуваат за секторот за евроинтеграција и меѓународна помош, како и дополнителни 2 милиони денари повеќе за фитосанитарната лабораторија.

Единственото кратење на средства на расходната страна на буџетот е кратењето на средства предвидени да се реализират од заеми, односно, скратени се 310 милиони денари од заем кои биле предвидени да се потрошат за хидросистемот Злетовица и околу 40 милиони од 200 те предвидени во проектот Наводнување на Јужната Долина на Вардар.

Тоа се заемски средства што се ставаат на располагање во моментот кога се отпочнува со реализација на конкретните проекти. Значи нема кратење на буџетски средства.

Во однос на буџетот на Платежната агенција, направено е пренамена на средства од мерка 2а – финансиска поддршна на рурален развој во мерка финансиска поддршка во земјоделството во износ од 200 милиони денари. Значи нема кратење на средства во руралната програма туку пренамена од една мерка во друга.

Ракодството на ВМРО-ДПМНЕ создава штети, прави манипулации и грубо лаже! Владата на чело со Премиерот Зоран Заев го има земјоделството за врвен приоритет.

Доказ за неспособноста и незнаењето е и работата на Цветан Трипуноски, кој остави распадната инспекциска служба по неговото раководење со Државниот инспекторат за земјоделство, а денес како државен советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кој наместо да испорача резултати излегува на прес конференции и грубо манипулира и лаже!

Дополнително, во интерес на земјоделците, со цел да се обезбеди рентабилно производство пониски трошоци и сигурен пласман, Владата предводена од СДСМ донесе низа интеревентни мерки во интерес на земјоделците. Се како нова субвенција од 1 денари за предадено грозје од сортите смедеревка и вранец, нова субвенција од 2 денари за килограм, за правните лица откупувачи на сливи регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица регистрирани за вршење на трговија со земјоделски мерки. Оваа година, се зголеми субвенцијата за предадени домати од 3 на 7 денари за килограм, и се постигна договор вишокот домати да го откупат преработувачките капацитети, а се со цел стабилизирање на откупот.Се донесоа сет мерки за зголемување на конкурентноста и одржливоста на домашното производство на пченица и други полјоделски култури.

Оваа година се постина највисока просечна откупна цена за тутунот од 217,6 денари за килограм. Лани и оваа година се постигна највисока просечна откупна цена на грозјето. Конкретно просечната откупна цена на вранецот оваа одина достигна 13,55 денари за килограм, а на смедеревката 12,25 денари за килограм. Со цел намалување на производствените трошоци, до крајот на оваа година во функција ќе биде ставена мерката за зелена евтина нафта.

Скопје, 27.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести