fbpx

Антизападниот Христијан Мицкоски треба да одговори како добил согласност за мали хидроцентрали токму од Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Антизападниот Христијан Мицкоски треба да одговори пред граѓаните на кој начин добил согласност за мали хидроцентрали, преку компании во кои има удел, токму од носителот на криминалот Никола Груевски, како претседател на владата? И тоа во време кога Мицкоски му бил советник за енергетика на негивоиот Груевски.

Ниту една лажна вест ниту една манипулација нема да го сокрие фактот дека антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски работат против иднина во ЕУ и НАТО и против интересите на граѓаните.

Договорот за концесија за кој денеска лаже антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на кој е добиен долготраен закуп за државното земјиште е потпишан во 2015 година, кога на власт беше токму ВМРО-ДПМНЕ, а актуелниот вицепремиер за економски прашања кога Кочо Анѓушев не бил функционер.

Сега само се спроведуваат административните процедури, согласно законите.

Оттука, јасно е дека нема ништо незаконско во донесената Одлука, а уште помалку пак дека има некаков судир на интереси.

Залудни се обидите на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, јавноста одамна не верува во нивните лаги.

Скопје, 24.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести