fbpx

Владата предводена од СДСМ го унапредува здравствениот систем што го уништи оној што управува со Мицкоски а тоа е Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Токму оној што управува со антизападниот Мицкоски, носителот на криминалот и режимот-Никола Груевски, системски ја уништуваше иднината на државата, преку криминални тендери го урниса здравството и ги погазуваше правата на лекарите и граѓаните.

Лицемерно е однесувањето на антизападното и антимакедонското раководство на ВМРО-ДПМНЕ, од прегратките на Никола Груевски зборува за здравството коешто токму тој го уништуваше.

За разлика од криминалиот пристап во сите сфери од страна на Никола Груевски, Владата предводена од СДСМ го опоравува уништениот здравствен систем и ги санира штетите од неговото децеинското криминално и расипничко владеење.

Со предлог ребаланс на Буџетот за 2018 година, се зајакна фискалниот капацитет на општините и им се помага да се справат со долговите наследени од криминалното владеење на Никола Груевски. Истовремено, се обезбедуваат дополнителни средства во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и дополнителни средства во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања.

Зголемувањето на платите за 5 отсто на над 19 000 здравствени работници, зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд се само дел од мерките спроведени од страна на Владата предводена од СДСМ преку кои се обезбедуваат квалитетни и достојни услови за работа на лекарите.

Истовремено, се инвестира во осовременување на медицинската опрема, а направен е и одржлив план за изградба на нов клинички центар.

Залудни се лагите пласирани од страна на антизападниот Христијан Мицкоски- пионот на Никола Груевски, кој соочен со сопствениот неуспех да ја закочи иднината на Македонија.

Резултатите од мерките кои ги презема Владата заедно со ресорното министерство се видливи. Активно се работи на подобрување на здравствениот систем, унапредување на условите за работа на лекарите и поголема грижа за правата на пациентите.

Македонија тргна напред и тоа е воочливо во многу сфери, вклучително и во здравството.

Скопје, 24.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести