Соопштение за јавност
Антизападното и антимакедонско раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски -пионот на носителот на криминалот, Никола Груевски, не знае што значи тоа помирување и национално
обединување.
Пионот Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека заврши времето кога некој монтираше случаи и диктираше судски пресуди. Ниту законодавната, ниту извршната власт не можат и не смеат да се мешаат ниту пак да влијаат врз судството.
На Македонија и е потребно помирување и национално обединување околу иднината на државата, околу стратешките интереси за членство во ЕУ и НАТО. Овој процес започна од Собранието и ќе продолжи во интерес на Република Македонија.
Пионот на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да разберат дека помирувањето не значи ослободување од одговорност за криминал, правда мора да има.
Македонија е правна држава, има независно судство коешто работи неселективно и единствено според законските прописи.
Скопје, 24.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА