Соопштение за јавност
Со измислиците и лажните вести што секојдневно ги шири, раководството на ВМРО-ДПМНЕ не може да го прикрие фактот дека останува единствен кочничар на иднината и процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.
ВМРО-ДПМНЕ 11 години беше симбол за масовна партизација на државната администрација во која се вдомуваа исклучиво партиски членови и послушници и денес нема апсолутно никаков кредибилитет да зборува за состојбите во администрацијата.
Денес, преку започнатите реформи, државната администрација се професионализира, а институциите работат во интерес на граѓаните
Тоа е препознаено и од Европската Унија, кадешто во Извештајот од Европската комисија, Македонија за првпат е оценета позитивно , со добар напредок во администрацијата.
Огласите за вработување во државните институции се во насока на пополнувања планирани позиции и зголемена ефикасност и истите се јавни, транспарентни и со еднакви критериуми за сите.
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да шири лажни вести, граѓаните може да бидат мирни.
Редовната исплата на плати и пензии воопшто не е доведена во прашање, а преку Предлог ребалансот на Буџетот за 2018 ќе им се помогне на општините да се справат со долговите оставени поради расипничкото и криминално владеење токму на ВМРО-ДПМНЕ.
Останува фактот, Христијан Мицковски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ се разочарување.
Скопје, 17.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА