Соопштение за јавност
Како ВМРО-ДПМНЕ 11 години управуваше со државата и општините најдобро покажуваат судските процеси и правосилните пресуди против бројни поранешни функционери на опозициската партија.
Преку криминалното и расипничко владеење за задоволување на лични криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави пустош во локалната самоуправа, а голем број општини се заглавени во долгови.
За разлика од таквиот пристап на ВМРО-ДПМНЕ, локалните власти предводени од СДСМ за само една година успеваат да ги санираат штетите создадено од криминалното и расипничко однесување на опозициската партија.
СДСМ како одговорна партија останува посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат квалитетен живот на сите граѓани.
И на централно и на локално ниво, властите предводени од СДСМ продолжуваат да работи отчетно, одговорно и во интерес на граѓаните
Скопје, 16.10.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА