Соопштение за јавност
Набавката на хеликоптерите за модарнизација на АРМ по НАТО стандарди е почната уште пред повеќе од 4 години.
ДПМНЕ, партијата што е против НАТО и ЕУ е и против модернизација на АРМ по НАТО стандарди.
ДПМНЕ наместо за Армијата 250 милиони би ги пренамениле во Скопје 2014. 11 години го кратеа буџетот на Армијата, за да вложуваат милиони евра во Скопје 2014, во лажен барок, лажен мермер од стиропор, жални врби и споменици.
ДПМНЕ ја запусти Армијата, ги остави војниците со ниски плати, со распарталени униформи и без чизми.
Денес Македонија е членка на НАТО, армијата е НАТО Армија, сојузник на најмоќните држави и се модернизира според НАТО стандардите.