fbpx

Силјановска е лице на ДПМНЕ, навредува пензионери дека се Мапет шоу

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.

Ваков однос кон пензионерите е несоодветен и непримерен, крајно неодговорен за политичар, пратеник или претендент за претседател на државата.

Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и Силјановска треба да им се извини.

Кандидатката на опозицијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ.

На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник, не им треба реприза на Иванов, за уште една деценија да се изгуби на патот кон Брисел.

Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија.

Ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација и враќање назад.

Последни вести