fbpx

Непотизмот во Охрид поврзан со Пецаков е потврда дека нема промена во ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, близок соработник на Христијан Мицкоски имаат испреплетена шема на роднини, пријатели и блиски челнови на ДПМНЕ низ охридските институции.

Долга е листата на непотизмот на ДПМНЕ и Кирил Пецаков во Охрид.

1.Кумот на градоначалникот Пецаков, Сашо Донев е претседател на општинскиот комитет на ДПМНЕ во Охрид.

-Сестрата на неговата сопруга, Билјана е вработена во општинскиот училишен центар Св Наум Охридски.

2.Александар Китески е близок на Пецаков и ДПМНЕ и моментално е Секретар на Општина Охрид.

-Неговата сопруга, Елена Китеска е вработена во Основното училиште Кочо Рацин во Охрид.

– И сестрата на сопругата на Китески, Кристина е исто така вработена во институција под надлежност на општината, односно во ЈП Охридски комуналец.

-Роднина на Китески, Ристе пак е правен застапник на истото претпријатие ЈП Охридски комуналец и претседател на ГРК Охрид А.Д.

-Додека кумашинката на Китески, Ана Србиновска е вработена во Општина Охрид – кумашинот Андоновски е директор на Јавното претпријатие Билјанини Извори.

3. Директор на јавното претпријатие Охридски комуналец, Сашо Најдовски е исто така пријател на Пецаков.

-Кумашинката Оливера е вработена во истото јавно претпријатие, ЈП Охридски комуналец.

– И баџанакот Душко Шајноски е исто така вработен во ЈП Охридски комуналец и на раководна позиција.

4. Илија Арнаудоски е поранешен претседател на Месниот комитет на ДПМНЕ во Велгошти и вработен во Капетанијата.

-Неговата пруга, Ангела е вработена во општина Охрид под капата на Пецаков.

5.Секретар на Општинскиот комитет на ДПМНЕ е Коста Арнаудов. Неговата сопруга е вработена во Јавното претпријатие Водовод.

6. Раководителот за Урбанизам ја унапреди својата сопруга Катерина во раководител на правна служба во Општина Охрид.

7. Вујкото на Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид, пак е вработен во ЈП Нискоградба, исто така во Охрид.

Глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад, кој значи вдомување партиски кадри, роднини и пријатели на избраните функционери на оваа партија.

Последни вести