fbpx

Ковачевски: Од овде почнува победата, победа на надежта, победа за европска иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на денешниот 28 Конгрес на СДСМ, во своето обраќање им порача на делегатите и присутните дека подебата на СДСМ на претстојнте избори, почнува токму од овој Конгрес.

-Од овде почнува победата! Победа на СДСМ на претстојните парламентарни и претседателски избори! Победа на надежта и борбата за подобра, европска иднина. – рече Ковачевски

-СДСМ ќе ја добие довербата на граѓаните да ја формира новата проевропска влада на Македонија! Стево Пендаровски ќе биде реизбран за претседател на државата! – рече Ковачевски

Зборувајќи за посветеноста на СДСМ на европскиот пат, претседателот Ковачевски рече дека зааедно со грашаните СДСМ ќе го оствари сонот на многу генерации – Македонија рамноправна членка на Европската Унија, слободна просперитетна држава со силна економија, со квалитетно здравство и образование, со независно судство, земја која е пристојно место за живеење за сите.

-Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината. Затоа јасно и гласно кажуваме одиме напред кон Европа! Нема откажување од иднината! – посочи претседателот Ковачевски на денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.

Последни вести