Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ е партијата што преку погубните и криминални политики натера илјадници млади луѓе да ја напуштат Македонија. Провидно е манифестираното лицемерие кон младите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Денес, младите се двигател на промените, учествуваат во креирањето на квалитетни младински политики и се силно определени за ЕУ и НАТО.
Сите млади луѓе кои доброволно се приклучија и учествуваат во кампањата ЗА успешност на референдумот на 30 септември, вклучително и оние кои учествуваа на маршот за европска Македонија, се полнолетни, нивното здравје е добро, полни се со енергија и решени да ја зграпчат историската шанса за обезбедување на иднината.
Младите се јасно определени ЗА европска Македонија.
Наместо да глуми загриженост ВМРО-ДПМНЕ да ги следи потребите на младите и да ги поддржи нивните заложби за влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.
Во име на иднината на нашатата татковина и иднината на младите ВМРО-ДПМНЕ треба да ги повика членовите и симпатизерите на партијата да излезат на референдумот и да гласаат. Гласот ЗА е глас за европска Македонија.
Скопје,18.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА