Соопштение за јавност
Ширењето невистини за македонско грчкиот договор ВМРО-ДПМНЕ треба да го замени со силна, јасна и недвосмислена поддршка за членството на Македонија во ЕУ и НАТО, со повик до членството, да се вклучат во процесите и да излезат на престојниот реферндум за македонската иднина.
Договорот го зајакнува и го гарантира македонскскиот идентитет, обезбедува признавање од целиот свет. Според членот 7 од Договорот, еднаш засекогаш е загарантиран македонскиот идентитет, отсликан преку нашата територија, народ, јазик, историја и културно наследство.
Македонски јазик, Македонци, Македонка, македонско оро, еднаш-засекогаш.
При јавно достапен Договор тенденциозни искривувања на вистината не минуваат. Не се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, со договорот не се брише ништо, ниту Крушевската Република, ниту АСНОМ. Напротив, со Договорот се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на државата.
Со влезот во НАТО трајно се обезбедува и територијалниот интегритет, а со влезот во ЕУ, македонскиот јазик станува официјален јазик во сојуз од над 500 милиони луѓе.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да покажат одговорност, да се приклучат во процесите што ја водат Македонија во ЕУ и НАТО. Сега е моментот сите заедно да се обединиме за иднината на Македонија, за идните генерации.
На референдумот на 30 септември да излеземе сите и да го дадеме својот глас за иднината. ЗА европска Македонија.
Скопје, 18.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА