Соопштение за јавност
Во ДПМНЕ ништо не е променето. И понатаму само шири лаги и невистини. Како што ги фалсификуваа анкетите, така се обидоа да фалсификуваат и потписи за нивната кандидатка. И тоа е истата партија која без срам излезе пред пред граѓаните за да ги лаже дека имале собрано потписи за нивната кандидатка Гордана Силјановска.
Од Белата палата наголемо фрчеа пресконференции на кои се кажуваше дека за неколку часа ги собрале потписите, за на крај сами да се фатат во сопствените лаги.
ДПМНЕ нема собрани валидни потписи за Силјановска и кандидатурата ја поднесе со 40 тина потписи од пратеници.
Како што ги лажираа и фалсификуваа анкетите така се обидоа и да фалсификуваат потписи.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Хаосот во Скопје е најголема потврда за тоа.