Соопштение за јавност
СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европската иднина на Македонија. Ако во изминатите седум години покажавме дека СДСМ ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите, сега уште поодлучно одиме понатаму, заедно да ја градиме европска иднина на земјата.
Со новата програма, СДСМ го објавува планот за европска иднина за сите граѓани:
1. Европски плати и животен стандард, каде просечна плата ќе достигне рекордни 1.100 евра, а минималната плата ќе изнесува 600 евра или 37.000 денари во наредните четири години.
2. Достоинствен живот за пензионерите, за кои во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната 30.000 денари. Од оваа година, па секоја наредна ќе има новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата.
3. Поддршка за младите, за кои ќе обезбедиме по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.
4. Силна домашна економија, со 180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. Предвидуваме 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.
5. Модерна инфраструктура -Инвестиција од 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 километри изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 километри патишта.
6. Европско земјоделство, за кое обезбедуваме уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра!
До 2028 година проектираме Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна.
Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!
7. Европско образование со кое гарантираме безбедност и сигурност за учениците. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти.
8. Чиста енергија и поевтина струја-Предвидуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 година.
Енергетска независност и самостојност со која ќе ги задоволуваме 100% од сопствените потреби. Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата.
9. Повеќе фондови за македонската економија
Со отворање на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија и за повеќе знаења и стручност.
Вложуваме повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, за реновирања јавни објекти, за модернизирање на училиштата, за обуки за наставниците и младите. Уште повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ.
10. Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година.