Соопштение за јавност
Фактот што полицискиот службеник што изврши грозоморно убиство е вработен од тогашниот министер Митко Чавков е доказ дека лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници.
Исто така, тој факт покажува како ВМРО-ДПМННЕ со години го третирала Министерството за внатрешни работи и под какви критериуми се вработувале припадници на полицијата. Прашањата за подготвеноста на полицаецот и начинот на којшто се вработил во МВР, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги адресира до Митко Чавков, човекот кој бил на чело на МВР кога се случило вработувањето.
За разлика од вулгарното партизиирање на МВР и поставувањето на партиско-штабски критериуми, денес, по процесот на професионализација, Министерството за внатрешни работи работи одговорно и професионално, а секој кој постапува незаконски одговара пред законите.
Како што е јавно познато, настанот во прилепско е расчистен во најкус можен рок, лицето веднаш било откриено и приведено неколку часа по убиството и со кривична пријава предадено до Основното јавно обвинителство. Согласно законот е превземено се што налага постапката во ваков случај при ваков тип на злосторство.
Времето на злоупотреба на институциите, времето на неказнивост и прикривања на злосторства, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. Денес законот важи за сите подеднакво и секој кој постапува незаконски одговара, без разлика неговата етничка, религиска и партиска припадност и без разлика на професијата што ја извршува.
Скопје,17.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА