Соопштение за јавност
ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега наместо програма, само штанцаат нови, немаат што да им понудат на граѓаните.
Скопјани и граѓаните на 40-тина општини под капата на ДПМНЕ се уверија во лажните ветувања и изневерените очекувања од ДПМНЕ.
ДПМНЕ ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи, а не реализираа ништо.
Го запустија Скопје, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот.
Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови.
Така е и овој пат со новите лажни ветувања.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.
Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.