Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев, се целосно посветени и одлучни во процесот на градењето социјална држава, фер и еднакво општество за сите и повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани.
Зошто ВМРО-ДПМНЕ е против зголемувањето на платите за работниците? Зошто на опозициската партија и пречи растот на платите, растот на живтниот стандард на граѓаните па поднесува неосновани пријави со кои се обидува да ја замајува јавноста?
Кривични дела се криминалите и провизиите на ВМРО-ДПМНЕ правени континуирано години наназад, поттикнувањето повисоки плати за сите работници, треба да биде одговорност на секој премиер.
Владата предводена од СДСМ и премиерот и претседател на СДСМ Заев остануваат посветени на заложбите за повисоки плати за сите работници и граѓаните на Македонија да имаат повеќе пари и повисок животен стандард.
Слободното гласање на граѓаните референдум е загарантирано и обезбедено. Референдумот е најмоќна демократска алатка а гласот на граѓаните е конечен.
Скопје,15.09.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА