fbpx

Лукаревска: Европскиот пат и храбри мерки ќе нè одбележат во изборниот процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

„Преголема е одговорноста и секако предизвик да се биде носител во ИЕ3, заедно со Љупчо Николовски. Ќе направам сè што можам за да ги слушнам граѓаните, нивните сугестии и критики, ќе го испрезентирам она што сме го сработиле, на она што сме горди, во изминатите седум години, реализирани мерки, проекти, поткрепени со многу статистики и бројки и секако многу транспарентно ќе ги презентираме следните чекори што ќе ги правиме во следниот период“, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Клик плус“, на ТВ21.

Лукаревска истакна дека очекува фер, позитивна кампања, во која ќе се соочат мерки и проекти, наместо лични дисквалификации, а заложба на СДСМ е да остане на конзистентните политики и во иднина на се она што досега го работеше, го ветуваше и остваруваше.

„Европскиот пат е она што ќе нè одбележи повторно во наредниот период во изборниот процес, одредени храбри мерки, скоро во сите области на функционирање во општетсвото и секако конзистентни економски мерки за добробит на граѓаните“, истакна Лукаревска, додавајќи дека СДСМ навистина има одлична коалиција во моментов, традиционалните партии остануваат во Коалицијата со СДСМ, но и други вонпарламентарни партии се дел од Коалицијата на СДСМ.

За партиите, коишто ја напуштија Коалицијата, Лукаревска рече дека очигледно дел од нив не се препознале во овие постулати и зачудува што дел од политичките партии се вратија назад на страната на ДПМНЕ иако претходно зборуваа сè и сешто против ДПМНЕ.

„Обврска на секоја политичка партија е да ѝ мисли добро на државата и ако пак се навратиме на сојузите и коалициите, за СДСМ секој пат е најбитен сојузот со граѓаните за доброто на државата“, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, во емисијата „Клик плус“, на ТВ21.

Последни вести